Македонија доби нов ФИДЕ Мајстор во Алкалоидовецот Тони Лазов

Големата надеж на македонскиот шах, петнаесетгодишниот Тони Лазов  ја освои и титулата ФИДЕ Мајстор. По одличните резултати во 2015, а посебно на меѓународниот турнир Трофеј Белград каде со одлична игра освои високи 103 рејтинг поени и успеа да ја помине границата од 2300 рејтинг поени - неопходни за титулата ФИДЕ Мајстор. Со актуелен рејтинг од 2329 поени и сега се наоѓа на 13-та позиција на македонската рејтинг листа.

Тони Лазов е роден во 2000 година, а шах почнува да игра на шестгодишна возраст. Член е на шаховскиот клуб Алкалоид од неговите шаховски почетоци 2009 година, кога и започнува континуирано да работи со Велемајсторот Трајко Недев како негов тренер и секундант на сите позначајни натпревари.

Во својот досегашен шаховски развој ги има постигнато следните позначајни резултати:

  • 2010 – 1 место, Јуниорско првенство на Југоисточна Европа до 10г
  • 2012 – 6 место Европски шампионат во забрзан шах за јуниори до 12г
  • 2012 – 4 место Отворено Првенство на Македонија (сениорска конкуренција!)
  • 2013 – 6 место Европски шампионат во брзопотезен шах за јуниори до 14г
  • 2013 – Балкански аматерски шампионат: 25-то место (од 120 учесници) и освоена специјална награда за најуспешен учесник со рејтинг до 2000.
  • 2014 – делба 9-19 место на Европски шампионат за јуниори до 14г
  • 2015 – 1 место Меѓународен турнир во Северин - Романија, рејтинг група 2000-2200
  • 2015 – 9 место Европски шампионат во забрзан шах, за јуниори до 16г
  • 2008 - 2015 осум титули јуниорски првак на Македонија, во своја конкуренција

Низ успешниот развој на Тони Лазов како млад и перспективен шахист, се отсликува долгорочната стратегија на ШК Алкалоид за поддршка и развој на јуниорскиот шах.

Колачиња

Оваа веб-страница користи колачиња на прва страна кои се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња.
Прочитајте повеќе во нашата Политика за приватност / Политика за веб колачиња