Победа на АЛКАЛОИД во последното коло од ЕЦЦ 2015
Во последното коло од Европскиот Клупски Куп во шах, АЛКАЛОИД извојува висока победа над екипата на BEER SHEVA, од Израел.
На првата табла, Иванчук ги казни непрeцизностите на противниокот и најбрзо дојде до победа. Андреикин со жртва на фигура во раната фаза од партијата, создаде позициона предност како компензација, која постепено во понатамошниот тек на партијата ја претвори во уште еден цел поен. Криворучко во својот сигурен стил, го надигра противникот, а Ју наметна остра игра уште од самиот почеток на партијата. Неговиот противник во комплицирана позиција трошеше многу време за размислување и не успеа да се одбрани.
Во настојувањето за што повисока победа, Јаковенко презема преголем ризик во својата партија, што искусниот Хузмин не пропушти да го казни, остварувајќи ја единствената победа за BEER SHEVA. На втората табла, Томашевски најдолго се обидуваше да најде шанси за победа, но сепак на крајот партијата заврши со реми за конечни 4,5:1,5 победа на АЛКАЛОИД.
Со оваа победа, екипата на АЛКАЛОИД освои вкупно 10 бода, и се пласира на 6 место на овогодишниот Европски Клупски Куп во шах, кој по просечниот рејтинг на екипите ја собра целата светска шаховска елита (со исклучок само на Светскиот Првак Карлсен). Европски Клупски Шампион за 2015 е екипата на SIBERIA од Русија, втори се SOCAR од Азербејџан, а третото место го освои екипата MEDNYI VSADNIK од Русија.
Во екипата на АЛКАЛОИД најуспешни беа:
- Ју Јангји со 5,5 поени од 7 партии (4 победи и три нерешени) кој воедно е прогласен за најуспешен играч на 6 табла на турнирот, и освои златен медал.
- Јуриј Кривoручко исто така освои 5,5 поени од 7 партии, и е втор најуспешен играч на 5 табла.
- Дмитриј Андреикин постигна 5 поени од 7 партии.
- Останатите, Иванчук (3,5 поени од 7 партии), Томашевски и Јаковенко (двајцата по 3 поени од 6 партии). Македонските шахисти Недев и Панчевски одиграа по една партија во која постигнаа победи.