КРАТКИ БИОГРАФИИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЕКИПАТА НА ШК АЛКАЛОИД

ЕКИПА НА ШК АЛКАЛОИД ВО 2016, 2017 И 2018 ГОДИНА

Роден е на 24 октомври 1992 година во Кина. Титулата велемајстор ја освојува во 2009 на 17 годишна возраст. Ding е трократен шампион на Кина (2009, 2011, 2012). Со репрезентацијата на Кина на Олимпијадата во 2014 година го освојува првото место, а поединечно освојува бронзен медал. Во август 2015 станува вториот кинески играч кој што влегол во ТОП 10 играчи во светот. Во jули 2016 Ding беше највисоко рангиран Блиц играч во светот. Во Септември 2017 стигнува до финалето на Светскиот Куп, со што се квалификува за Турнирот на кандидати за предизвикувач на Светскиот Првак. За ШК Алкалоид на ЕКК настапува во 2016, 2017 и 2018 година. При тоа, Во 2017 година, на Европскиот Клупски Куп освои сребрен медал за индивидуален резултат на прва табла. Во Август 2018 година ја поминува рејтинг границата од 2800 поени, искачувајќи се на 4 место на светската ранг листа! Позначајни резултати:
  • Во 2002 делба на прво место на Светското Првенство до 10 години
  • Во 2004 делба на прво место на Светското Првенство до 12 години
  • Во 2005 се пласира на Шампионатот на Кина
  • Во 2007 учествува на силниот Зонски турнир во Денжоу каде што освојува 6,5 поени од 9 партии
  • Во мај 2009 година учествува на Азискиот Континентален Индивидуален Шампионат каде што освојува 6 поени од 11 партии и тој резултат му ја носи првата норма за велемајстор
  • Истиот месец победува на Шампионатот на Кина со 8,5 поени од 11 партии, остварувајќи перформанс од 2800+ поени и освојувајќи ја својата втора норма за велемајстор
  • Во октомври 2009 година на турнирот станува 30от кинески велемајстор
  • Во 2011 година повторно станува Шампион на Кина со 9 поени од 11 партии
  • Во 2012 година ја одбранува титулата со освоени 8 поени од 11 партии
  • Во 2014 година со репрезентацијата на Кина го освојува првото место на Олимпијадата во Норвешка и воедно освојува бронзен медал на својата табла
  • Во 2015 година на Светското Екипно Првенство повторно со репрезентацијата на Кина го освојува првото место и освојува бронзен медал на својата табла
  • Во 2017, Победник на супертурнирот Shenzhen Longgang Chess Grandmaster Tournament – Кина, со 6,5 поени од 10 партии.
  • Победник на турнир од FIDE Grand Prix 2017 Series, Москва – Русија, со 6 поени од 9 партии.
  • Во 2017, на 8th Hainan Danzhou Super Grandmaster Chess Tournament – Кина, 2 место со 5,5 поени од 9 партии.
  • Во Септември 2017 на Светскиот Куп (World Cup 2017, Georgia) стигнува до финалето и се пласира на турнирот на кандидатите. Тој е првиот Кинески шахист во историјата што постигнал ваков успех.
  • Делба на трето место место на Fide Grand Prix Series 2017, Палма де Мајорка со освоени 5 поени од 9 партии без ниеден пораз
  • Четврто место на турнирот на кандидатите за предизвикувач на Светскиот првак во 2018 година, освоени 7,5 поени од 14 партии
  • Второ место на SHAMKIR CHESS 2018 со освоени 5,5 поени од 9 партии

ЕКИПА НА ШК АЛКАЛОИД ВО 2015 ГОДИНА

IVANCHUK VASSILY

Роден на 18 март 1969 година во Копичинци, Украина. Шаховски велемајстор од 1988 година. Единствен активен врвен шахист, денес, кој ги поврзува класичната генерација, со младите денешни шахисти од компјутерската ера, а при тоа сосема рамноправно се бори и е постојано во самиот врв. Со длабоко разбирање на шаховската игра внесува многу оригинални идеи.

Позначајни резултати:

  • 1987 Европски јуниорски шампион до 20 години, на Светското Првенство дели 1-2 место, а следната 1988 станува велемајстор и влегува во светски топ 10.
  • 1991 со 21 година го освојува Линарес (Шпанија) тогаш најсилниот турнир во светот, победувајќи го и светскиот шампион Гари Каспаров.
  • Многу настапи и победи, 3 пати победник на супертурнирите во Линарес (Шпанија), 3 пати и на Меморијалот на Капабланка во Куба.
  • Иако не станува светски шампион, играл неколку мечеви во борбата за светски шампион.
  • 2002 година светски вицешампион, а 2004 година европски Шампион.
  • 2007 година светски Шампион во брзопотезен шах.
  • Од 1988 освоил (најпрво за тогашниот СССР, а потоа за Украина) олимписки 4 златни, 1 сребрена и 3 бронзени медали, а 2010 и златен медал за најдобар резултат на прва табела, предводејќи ја Украина до првото место.
  • Последен екипен резултат: Светско Екипно Првенство, 2015 април, сребро со репрезентацијата на Украина.
  • Носител е на бројни државни признанија, награди и ордени на Украина.