Европски клупски куп 2016

Екипата на ШК Алкалоид станува Европски клупски шампион! На стартот на турнирот ШК Алкалоид е второ рангиран. За ШК Алкалоид настапуваат: ВМ Динг Лирен 2764, ВМ Андреикин Дмитри 2736, ВМ Елјанов Павел 2757, ВМ Јаковенко Дмитри 2709, ВМ Ју Јангји 2721, ВМ Криворучко Јуриј 2710, ВМ Недев Трајко 2480, ИМ Панчевски Филип 2503. Капитен на екипата е ВМ Јаќимовиќ Драгољуб Прв носител на турнирот е силната екипа “Siberia” предводена од поранешниот Светски првак Владимир Крамник. ШК Алкалоид турнирот го започнува со убедлива победа 5-1 против екипата “Schachfreunde Berlin” од Германија. Во второто коло ШК Алкалоид оствари уште една висока победа 5,5 – 0,5 против екипата “Jelica PEP – Goracici” од Србија. Во третото коло со ист резултат 5,5- 0,5 беше поразена англиската екипа Cheddleton. Во четвртото коло екипата на Алкалоид играше на првата табла и за противник ја имаше силната екипа на “Zhiguli” од Русија, мечот заврши со минимална победа на македонската екипа од 3,5-2,5. Во петото коло ШК Алкалоид се сретна со директниот конкурент за победничкиот трофеј, руската екипа Mednyi Vsadnik предводена од повеќекратниот шампион на Русија ВМ Свидлер Петер. Мечот заврши со тесна победа на ШК

Алкалоид од 3,5-2,5 при што важни победи остварија ВМ Андреикин Дмитри против ВМ Леиниер Домингез и ВМ Криворучко Јуриј против ВМ Федосеев Владимир. Со оваа победа екипата на Алкалоид се издвои на врвот на табелата со максимален учинот од 10 бода. Во шестото коло ШК Алкалоид за противник го имаше фаворитот на турнирот екипата на “Siberia” предводена од поранешниот Светски првак ВМ Крамник Владимир. По долга борба мечот заврши нерешено 3-3 со шест борбени ремиња. Со овој резултат Алкалоид, во очи на последното коло, се задржа на водечката позиција со еден бод повеќе пред најголемите конкуренти. Последното, седмо коло, донесе голема неизвесност до самиот крај. Алкалоид за противник го имаше SHSM Legacy Square Moscow од Русија за кого на првата табла настапуваше ВМ Инаркиев Ернесто. Мечот заврши со 3-3 повторно со шест борбени ремиња. Со овој резултат екипата на ШК Алкалоид го оствари најголемиот успех во својата историја, за прв пат од основањето на клубот во 1976 година на својата 40 годишнина ШК Алкалоид се искачува на европскиот шаховски трон!

Новости ЕКК 2016