Европски клупски куп 2018

Европскиот клупски куп во 2018 година се одржа во Порто Карас, Грција. На турнирот настапија 61 екипа. ШК Алкалоид беше прв фаворит на турнирот со просечен рејтинг од 2741 поени. По трите сигурни победи во првите три кола против MuConsult Apeldoorn од Холандија со 6-0, Rehovot Chess School од Израел со 5,5 – 0,5 и екипата SV Werder Bremen од Германија 5-1 во четвртото коло ШК Алкалоид во мечот со директниот конкурент за највисок пласман, екипата на Mednyi Vsadnik оствари минимална победа 3,5-2,5. Во четвртото коло против силната екипа на Obiettivo Risarcimento Padova од Италија ШК Алкалоид одигра нерешено 3-3. Во петтото коло Алкалоид за противник ја имаше екипата Valerenga Sjakklubb од Норвешка предводена од Светскиот првак Магнус Карлсен. Мечот беше крајно неизвесен и заврши со минимален пораз на ШК Алкалоид од 2,5-3,5. Со овој резултат Алкалоид ги загуби шансите за освојување на првото место. Во последното коло Алкалоид извојува сигурна победа против израелската екипа Beer Sheva Chess Club од 4,5-1,5. Во конечниот пласман Алкалоид се наоѓа на делба на третото место, шесто според дополнителен критериум. Шахистите на Алкалоид на турнирот остварија одлични резултати по табли: Динг Лирен освои златен медал на првата табла (пред Светскиот шампион Магнус Карлсен), на втората табла Ју Јангји освои сребрен медал, Јаковенко Дмитри играјќи на четвртата табла го освои сребрениот медал.

Новости ЕКК 2018