Европски клупски куп 2021

Европскиот клупски куп во 2021 година се одржа во Струга, Македонија. За прв пат Алкалоид настапи со две екипи, една во машка и една во женска конкуренција. Машката екипа беше во состав ВМ Шахриар Мамеџаров 2762, ВМ Шанкланд Сам 2679, ВМ Дубов Даниил 2714, ВМ Криворучко Јуриј 2689, ВМ Инаркиев Ернесто 2663, ВМ Предке Александар 2662, ИМ Панчевски Филип 2496 и ВМ Недев Трајко 2475. Капитен на екипата е ВМ Драгољуб Јаќимовиќ. На турнирот учестуваа 38 екипи.  По убедливите победи во првите 2 кола против екипата Lunds ASK од Шведска со 5-1 и српската екипа Sloven Ruma со резултат 5,5 – 0,5 ШК Алкалоид забележа минимален пораз од 2,5 – 3,5  во третото коло играјќи против шпанската екипа Silla-Valencia Origin of Chess. Следуваа повторно високи победи против Maribor Poligram од Словенија 0,5 – 5,5 и Offerspill Chess Club од Норвешка од 0,5-5,5 клуб за кој настапуваше Светскиот шампион Магнус Карлсен кој единствен успеа да спаси половина поен во мечот. Во шестото коло Алкалоид за противник на имаше добро познатата екипа AVE Novy Bor од Чешка, мечот заврши 3-3 со шест борбени ремиња. Во последното, седмо коло, ШК Алкалоид киксна против младата екипа Vugar Gashimov од Азербеџан и претпре минимален пораз од 2,5-3,5 резултат со кој заврши на осмото место во конечниот пласман.

Женската екипа на ШК Алкалоид настапи со ИМ Шувалова Полина 2510 од Русија, ИМ Аталик Катерина 2429 од Турција, ИМ Булмага Ирина 2407 од Романија и македонските шахистки ЖФМ Стојковска Моника 2081 и  ЖИМ Коскоска Габриела 2003. Капитен на екипата е ВМ Влатко Богдановски. Турнирот се играше по Швајцарски систем од седум кола. Екипата на Алкалоид забележа една победа и едно реми и освои 3 меч бодови, со што се пласираше на седмото место.

Новости ЕКК 2021