Европски клупски куп 2015

По шест годишна пауза во 2015 година ШК Алкалоид повторно настапува на ЕКК во Скопје, Македонија. Екипата се состои од шест странски играчи и двајца домашни шахисти. За екипата настапуваат по табли: ВМ Иванчук Василиј 2726, ВМ Томашевски Евгениј 2758, ВМ Јаковенко Дмитри 2748, ВМ Андреикин Дмитри 2720, ВМ Криворучко Јуриј 2710, ВМ Ју Јангји 2721, ВМ Недев Трајко 2473 и ИМ Панчевски Филип 2494. Капитен на екипата е ВМ Јаќимовиќ Драгољуб. Во првите две кола Алкалоид оствари убедливи победи против послабите противници. Во првото коло беше совладана англиската екипа BLACKTHORNE RUSSIA со 5,5 – 0,5 единствено Василиј Иванчук ремизираше на првата табла. Во второто коло Алкалоид оствари убедлива победа против норвешката екипа OSLO SCHAKSELSKAP, повторно со резултат 5,5 – 0,5 едиствен кој не успеа да победи  беше Томашевски Евгениј. Во третото коло ШК Алкалоид за противник на имаше незгодната екипа ODLAR YURDU од Азербеџан. Херој на мечот беше Андреикин кој ја оствари единствената победа доволна за резултат 3,5-2,5. Во четвртото коло Алкалоид се сретна со еден од главните конкуренти за највисок пласман, екипата на AVE NOVY BOR од Чешка. Македонската екипа оствари минимален триумф со резултат 3,5—2,5, единствен кој победи беше кинескиот играч Ју Јангји на шестата табла. Во петтото коло повторно дерби меч за Алкалоид против екипата на OBIETTIVO RISARCIMENTO PADOVA од Италија, забележан е минимален пораз од 2,5 -3,5. Во шестото коло ШК Алкалоид играше на првата табла против најголемиот фаворит на турнирот, моќната екипа SIBERIA од Русија. Овој меч исто така заврши со минимален пораз за македонскиот шампион. Во последното коло ШК Алкалоид оствари сигурна победа против BEER-SHEVA од 4,5 – 1,5.  Со овој резултат ШК Алкалоид турнирот го завршува на делба на петтото место (шесто по Бухолц), со освоени 10 меч бода од можни 14. Овој резултат претставува најдобриот пласман на клубот на ЕКК до тогаш.