MИСИЈА, ВИЗИЈА, OПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Нашата визија

Нашата визија е континуирано да се развиваме како водечки шаховски клуб во Македонија и како препознатлив бренд во Европа.

Нашата мисија

Нашата мисија е да овозможиме унапредување на шаховската игра во Македонија, развој на натпреварувачки и спортски дух, а сè со цел усовршување и остварување на повисоки спортски резултати.

Нашата општествена одговорност

Посветени сме на постојан развој и унапредување на младинските шаховски школи, запознавање на младите со оваа дисциплина и спортот воопшто, и формирање на здрави млади генерации, со основната определба ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЀ!