Европски клупски куп 2019

Европскиот клупски куп во 2019 година се одржа во Улцињ, Црна Гора. Екипата го промени својот состав и покрај стандардните Мамеџаров Шахриар 2772, ВМ Андреикин Дмирти 2733, ВМ Криворучко Јуриј 2683, ВМ Недев Трајко 2500 и ИМ Панчевски Филип 2490 за прв пат настапија американскиот велемајстор Шанкланд Сам 2679, Белорусинот Ковалев Владислав 2674 и ВМ Инаркиев Ернесто 2665 од Русија. Капитен на екипата беше ВМ Драгољуб Јаќимовиќ. Овој турнир ШК Алкалоид го започна како прво рангирана екипа со просечен рејтинг од 2701 рејтинг поени. Во првите две кола Алкалоид оствари рутински победи против француската екипа Echiquier Mosan 5-1 и екипата Raika Rapid Feffernitz од Австрија 4,5-1,5. Во третото коло Алкалоид повторно како и во 2018 година за противник го има тимот на Mednyi Vsadnik. Овој пат дерби мечот завршува со минимална победа за руската екипа 3,5-2,5. Во следните 3 кола Алкалоид остварува високи победи против Itaka од Србија 5-1, швајцарскиот тим Zurich Schachgesellschaft 6-0 во петтото коло и екипата на SK Joly Lysa nad Labem 6-0 во шестото коло. Во последното коло ШК Алкалоид играше на прва табла и за противник ја доби италијанската екипа  Obiettivo Risarcimento Padova. Во мечот кој што решаваше за првото место, Алкалоид претрпи втор минимален пораз од 2,5-3,5 и со тој резулат се пласираше на четвртото место со освоени 10 бода. На првата табла ВМ Мамедијаров Шахриар од Азербеџан имаше најдобар резултат и го освои златниот медал, додека ВМ Ковалев Владислав од Белорусија го освои сребрениот медал на шестата табла.

Новости ЕКК 2019