Шахисти​

БОГДАНОВСКИ ВЛАТКО

Роден 1964 во Битола. Дипломира на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје шаховски велемајстор од 1993 година. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1989.

Позначајни резултати:

  • 1979 пионерски Првак на Македонија.
  • 7 пати Шампион на Македонија: 1986, 1987, 1989, 1993, 1995, 2009, 2013.
  • 7 пати член на репрезентација на Олимпијадите: 1994, 1996, 1998, 2000, 2004, 2012, 2014.
  • 4 пати член на репрезентација на Европските Првенства: 1997, 1999, 2001, 2013
  • Селектор на женската репрезентација на Македонија на Олимпијадата 2016 година
  • Од 2009 година континуирано, интензивно работи како тренер со јуниори во рамки на шаховска школа, поддржана од ШК Алкалоид
  • Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/15000206