Шахисти​

ЈАЌИМОВИЌ ДРАГОЉУБ

Роден 1964 во Ќуприја, Србија. Шаховски велемајстор од 2000 година. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1981.

Позначајни резултати:

  • 1985 дели прво место на Првенството на Македонија, а потоа ја освојува титулата Шампион на Македонија во 1996, 1998.
  • Победник или делба на прво место на повеќе турнири меѓу кои во Шибеник - Хрватска, Вуковар - Хрватска, Пловдив - Бугарија, Карпош Опен – Македонија.
  • Член е на македонската репрезентација на шаховските Олимпијади и Европски Екипни Шампионати од 1992 година.
  • 2000 освојува златен медал за индивидуален резултат на шаховската Олимпијада во Истанбул.
  • Капитен на екипата на ШК Алкалоид.
  • Од 2009 година континуирано, интензивно работи како тренер со јуниори во рамки на шаховската школа, поддржана од ШК Алкалоид.
  • Селектор на машката репрезентација на Македонија од 2011 до 2015 година.

 

Линк од Фиде профил https://ratings.fide.com/profile/15000214