Шахисти
IRINA BULMAGA
Родена е на 11 ноември 1993 во Молдавија. Титулата женски велемајстор ја освојува во 2012 година, додека титулата интернационален мајстор во 2013. За Алкалоид настапи во 2021 и 2022 година.
Позначајни резултати:
- Повеќекратен младински шампион на Молдавија во периодот од 2001 до 2009 година
- Во 2007 и 2008 година станува шампион на Молдавија во женска конкуренција
- Во 2009 година менува федерација и почнува да настапува за Романија
- Повеќекратен шампион на Романија во женска конкуренција во Забрзан шах (2015, 2016, 2018 и 2022 година) и во Брз шах (2016 година)
- Член на женската сениорска репрезентација на Романија на шаховските Олимпијади во (2010, 2012, 2014, 2016, 2018, 2020 и 2022 година)
- Член на женската сениорска репрезентација на Романија на европските екипни првенства (2011, 2013, 2015, 2017, 2019 и 2021 година)
- Победник на Sharjah Cup for Women (UAE) во 2018 и 2020 година
- Победник на 1st Hail International Rapid Chess Tournament for Women во Саудиска Арабија во 2019 година
- Победник на првиот Capablanca Memorial among Women во 2022 во Хавана, Куба
- Најдобриот резултат на европските поединечни првенства (шесто место) го постигнува во 2022 година
Линк до страната на Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Irina_Bulmaga
Линк до страната на Фиде профилот https://ratings.fide.com/profile/13903063