Шахисти
ПАНЧЕВСКИ ФИЛИП
Роден 1988 во Скопје. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 1998. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Титулата Интернационален мајстор ја освојува во 2008 година
Позначајни резултати:
- 2003 се пласира на 13 место на Светско Првенство за јуниори до 16 години, кога ја освојува и првата норма за Интернационален мајстор.
- 2004 го освојува првото место на Првенството на Скопје и делба на второто место на Првенството на Македонија.
- 2008 на меѓународен турнир во Белград ја освојува втората норма за интернационален мајстор.
- 2008 победува на Меѓународниот турнир во Параќин со што ја освојува третата норма и станува Интернационален мајстор
- Член на репрезентација на шаховските Олимпијади во: 2010, 2012, 2014, 2016, 2018 и Онлајн Олимпијадата во 2020 година.
- Член на репрезентација на Европски Првенства во: 2009, 2011, 2013, 2017, 2019 и 2021 година
- 2013 на меѓународниот турнир во Драч, Албанија го освојува второто место и првата ВМ норма.
- Во 2017 на Европското екипно пренство во Грција, играјќи на првата табла за сениорската репрезентација на Македонија ја освојува втората норма за Велемајстор
- Во 2019 година е победник на меѓународниот турнир Open Lille, Франција
- Шампион на Македонија во 2010, 2012, 2014, 2016, 2018 и 2022 година
Линк до страната на ФИДЕ профилот https://ratings.fide.com/profile/15002187