Шахисти​

POLINA SHUVALOVA

Родена на 12 март 2001 година во Русија. Титулата женски велемајстор ја освојува на 18 години во 2019 година, титулата интернационален мајстор ја освојува во 2020 година. За Алкалоид настапи во 2021 година.

Позначајни резултати:

  • Во 2013 година станува европски шампион за девојки во категорија под 12 години
  • Во 2016 година го освојува бронзениот медал на европското првенство за девојки до 16 години
  • Во 2017 година го освојува сребрениот медал на европското првенство за девојки до 16 години
  • Во 2018 година станува европски шампион за девојки во категорија под 18 години
  • Во 2018 година на европското женско првенство се наоѓа на делба на второто место и се пласира на Светскиот Куп
  • Во 2019 година на Светското јуниорско првество во женска конкуренција го освојува првото место
  • Во 2020 година на Russian Women Superfinal го дели првото место со Александра Горјачкина. Во Рапид мечот е поразена и станува Вице шампион на Русија во женска конкуренција

 

Линк до страната на Википедија https://en.wikipedia.org/wiki/Polina_Shuvalova

Линк до страната на Фиде профилот https://ratings.fide.com/profile/24171760