Шахисти
РИСТЕСКИ ЕМИЛ
Роден 2004 година во Скопје. За шаховскиот клуб Алкалоид настапува од 2025 година. Титулата Интернационален мајстор ја освојува 2023 година.
Позначајни достигнувања:
- Во 2020 година на шестнаесет годишна возраст ја освојува титулата Фиде мајстор
- На меѓународниот турнир Трофеј Белград 2020 го освојува првото место од 7,5 поени од 9 партии
- Во 2021 година за прв пат настапува на европското екипно првенство во Терме Чатеж, Словенија за сениорската репрезентација на Македонија
- Во 2022 година е член на репрезентацијата на Македонија на шаховската Олимпијада во Ченаи, Индија
- Во 2023 година настапува на на европското екипно првенство во Будва, Црна Гора
- Во 2023 година ја освојува титулата Интернационален мајстор
- Во 2024 година ја претставува сениорската репрезентација на Македонија на шаховската Олимпијада во Будимпешта, Унгарија
- Во 2025 година победува на силниот меѓународен турнир „Обербанк Челенџер Опен“ во Линц, Австрија
Линк до страната на ФИДЕ профилот:

